22 Април – Ден на планетата Земја
По повод 22-ри Април – Денот на планета Земја, нашите ученици од деветтите одделенија на нашето училиште учествуваа на on-line едукации со ЦКА-ПХВ инструктори, на тема „Човечкиот импакт врз животната срединa“ која започна во 18.00 часот до 19.30 часот. Атмосферата за време на предавањето беше позитивна, а предавачите, наставниците и учениците расположени и задоволни.
Целта на ова предавње „Човечкиот импакт врз животната средина„ е учениците да научат нешто ново за планетата Земја и да им вроди поттик за реализирање на акции, со кои би ја заштитиле животната средина.
Учениците од прво до петто одделение заедно со наставниците истражуваа на интернет за планетата Земја, решаваа квиз, цртаа, пишуваа текстови и песни, изработуваа плакати за зачувување на животната средина. Нивните изработки беа изложени во училниците и ходниците, додека пак оние кои одржуваат настава од одалечина нивните творби беа изложени во заеднички електронски папки како и на веб страната на училиштето.
Предметен наставник: Марина Грамова