Денот на планетата Земја – 22 април

По повод празникот ,,Денот на планетата Земја” на Часот по Природни науки во 5 одделение учениците изработија квиз и презентација преку кои научија нешто ново за планетата Земја и се поттикна акција за заштита на животната средина.

PDF Loading...

Овој ден 22 април е празник на единствениот дом на сите живи суштества, се одбележува ширум светот со цел да се сврти вниманието на јавноста за значењето на зачувување на животната средина и да се промени еколошката свест.

Последните години планетата Земја доживува големо загадување (за што сме и сведоци) на воздухот, почвата, водата, поради забрзаната индустријализација, како и зголемување на бројот на населението. Тоа неодговорно однесување на човекот доведе до климатски промени, ефект на стаклена градина, глобално затоплување и исчезнување на многу растителни и животински видови.

Доколку не се обрне внимание на заштита и зачувување на животната средина, човекот ќе се доведе во ситуација да се затрупа во сопственото ѓубре.

Денот на планетата Земја се посветува на :

  • Создавање на услови за одржлив развој
  • Зачувување на биолошката разновидност
  • Штедливо користење на природни ресурси
  • Користење на обновливи извори на енергија
  • Правилно складирање на отпад и рециклирање

Сите треба да размислиме за своето однесување спрема планатата Земја и да придонесеме да биде почиста и поубава.