Организацијата Народна техника на град Скопје, Сојузот на клубови на младите техничари и природници и Здружението на наставници по Техничко образование во рамките на своите активности и оваа година по 61-ви пат ја организираа традиционалната манифестација – Натпревар на младите техничари и природници, позната под името „Освојуваме нови знаења“.

Во рамките на оваа манифестација, учениците од основните училишта во градот се натпреваруваа во 23 натпреварувачки дисциплини по природната група предмети, застапени низ редовните активности во училиштата и техничките дисциплини што се изведуваат низ наставните содржини на предметот „Техничко образование” и вонучилишните активности кои се реализираат во рамките на Клубовите на младите техничари и природници, што делуваат во Основните училишта.

Во натпреварувачките области од техничката и природната група предмети, учениците се натпреваруваат во одбрана на домашен труд, а претставуваa макета, модел или натпреварувачки труд, доколку се работи за природната група предмети.

Поради актуелната ситуација со Коронавирусот и почитување на протоколот за заштита, 61-от регионален натпревар на младите техничари и природници на Скопје, се одржa онлајн во периодот од 22.03.2021 до 31.03.2021г.

На натпреварот учествуваше ученикот МАКСИМ ПЕТКОВ од одделение, област ЕЛЕКТРОНИКА, ментор Даниела Моневска, како претставник од нашето училиште, ООУ „Стив Наумов“ – Скопје, и го постигна следниот успех:

 

Име и презиме Поени Пласман
Максим Петков 100 1

 

Извештајот го изготви: Даниела Моневска