На 02.12.2022 г учениците од прво до петто одд. присуствуваа на интерактивна музичка детска претстава,,Операта на шумските животни,, која се одржа на малата сцена на Македонска Национална опера и балет.
Интерактивна музичко – драмска претстава која има за цел да ја запознае/едуцира најмладата публика, примарно со поимите во однос на оперската уметност (композитор, режисер, солисти, хор …)
Сценариото изобилува со многу комични моменти, кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.
Музичкиот дел е исполнет со адаптирани популарни арии од оперите: Кармен, Паљачи, Аида, Травјата, Рита и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.
Идеен концепт, сценарио и режија: Десанка Глигоријевиќ
Костимографија и сценографија: Десанка Глигоријевиќ
Настапуваат:
Учесници: Лиска – Надежда Рубен (оперски пејач)
Меца – Марика Поповиќ (оперски пејач)
Зајко – Јане Дунимаглоски / Дејан Стоев (оперски пејач)
Був – Невен Силјановски (оперски пејач и пијанист)