Ученичкиот парламент го проследи фудбалски натпревар на кој децата „го преземаат“ теренот во организација на УНИЦЕФ во партнерство со Фудбалската федерација на Македонија. Под слоганот „Кога станува збор за детските права, сите сме еден тим“, беше одбележан Светскиот ден на детето со цел насочување на вниманието кон прашања важни за децата-еднакви можности, квалитетно образование, здрава животна средина, ментално здравје за секое дете.