Оваа учебна година меѓу низата активности со кои се одбележа манифестацијата наменета за децата, Детска недела (04-10.10.2021), ја издвојуваме презентацијата на детските права од „Конвенцијата за правата на децата“ презентирана од страна на одделенскиот наставник и координатор за Детска организација – Елизабета Каранфилова и одделенскиот наставник Јордан Петрушевски.
Преку интерактивното излагање првачињата имаа можност за прв пат да се запознаат со правата на децата во светски рамки и со должностите што произлегуваат од истите, за на крајот с‘е да биде заокружено со изложба од ученички ликовни творби на кои што тие самите имаа можност да го илустрираат детското право што им оставило најсилен впечаток.