Меѓународниот ден на мирот, понекогаш официјално познат и како Светски ден на мирот, е празник одобрен од Обединетите нации, кој се одбележува секоја година на 21 септември. Тој е посветен на мирот во светот, особено на отсуството на војна и насилство, што може да биде резултат на привремен прекин на огнот во борбена зона за пристап до хуманитарна помош.
Денот за прв пат бил прославен во 1981 година и го одбележуваат многу нации, политички групи, воени групи и луѓе. Во 2013 година, Генералниот секретар на Обединетите нации денот го посветил на образованието за мир, клучното превентивно средство за одржливо намалување на војната.
За да се инаугурира денот, Ѕвоното на мирот на Обединетите нации одѕвонува во Седиштето на ООН во Њујорк. Ѕвоното е направено од монети донирани од децата од сите континенти, освен Африка, и било подарок од Здружението на Обединетите нации во Јапонија, како „потсетник за човечката цена на војната“. Натписот којшто е изгравиран на ѕвоното гласи: „Да живее апсолутниот светски мир“.
Во нашето училиште, на 21 септември беше одбележан овој значаен ден, од страна на учениците од 4а одделение, кои заедно со одделенскиот наставник Слободанка Басотова направија изработки кои ја симболизираа и ја поддржаа главната порака – Мир во светот! Нивните активности беа документирани и поставени во видео порака со која сите ние се приклучивме во одбележувањето на Светскиот ден на мирот.