Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, го одбележа Меѓународниот ден на шумите заедно со учениците од петто Б одделение од ОOУ „Стив Наумов“ – Општина Гази Баба.
Имено, покрај интересните предавања за улогата и значењето на шумите, како и запознавањето на факултетските збирки за инсекти и за диви животни, посетителите, заедно со членовите на факултетот, ја збогатија живата колекција на дрвенести растенија – дендропаркот, со нови четири претставници од урбаната дендрофлора: култивари на црвенолисна бука, воден габер, бел бор и на украсно многуцветно јаболко.
Одделенски наставник:
м-р Анетка Трајкова