Посакуваме добредојде на пролетта и ги одбележуваме деновите на екологијата.

 

Учениците од ООУ„Стив Наумов “- Скопје активно се вклучија во нивно одбележување на Денот на пролетта и екологијата. За таа цел, учениците преку изготвување на презентации го одбележаа овој ден, изработка на еко пораки, читање на реферат, изработка на скулптури од рециклирани материјали, литературни творби на тема Екологија, како и во акцијата за расчистување на сметот и сувите гранчиња во училишниот двор. Исто така учениците ја раскопуваа замјата околу садниците и засадија нови садници на претходно подготвени места.

Целта за реализација на  овие активности е истакнување на важноста на овој значаен ден од еко-календарот и подигање на еко-свеста кај учениците за значењето на екологијата и природата за животот на сите нас. Животната средина нè спојува сите нас. Сите ние го дишеме истиот воздух, растеме и живееме под истото сонце, имаме еден заеднички дом – планетата Земја. Тоа е нашето наследство и нашата иднина, затоа сите заедно треба да ги заштитиме.

Преку нивните одлични креативни изработки потсетуваат на сите оние работи кои несмееме да ги заборавиме:

-да ја чуваме природата, отворено да зборуваме за неправдата која ѝ ја нанесуваме на природата, но и заедно сите да делуваме како би ја прекинале истата,

-да се грижиме за околината и природата значи сметот да го фрламе на точно одредено место,

-повеќе да се возат велосипеди,  да употребуваме еколошки неотровни средства за домаќинство,

-да засадуваме нови садници и да ја развиваме нашата еколошка свест неопходна за да се придонесе за почиста околина и поздрава средина.