По повод роденденот на нашиот патрон Стеван Наумов – Стив, нашето училиште и оваа година овој ден го прослави со пригодни активности и свечена програма, како во духот на поводот, така и во духот на ритамот на училишниот живот, при што традиционално бевме посетени од страна на потомците на нашиот патрон, кои заедно со делегација од училиштето положија свежо цвеќе на бистата на Стив Наумов.
Нашите ученици направија овој значаен ден да добие посебен сјај со своите интересни настапи во склоп на свечената програма која беше претставена пред родителите, колективот и градоначалникот на општина Гази Баба кој со свечен говор искажа почит како кон нашиот патрон, така и кон нашето училиште.
Се гледаме повторно до година, кога ќе прославуваме 103 години од раѓањето на Стив Наумов, но и 75 години од постоењето на нашето училиште.
Честит патронен празник!