И З В Е Ш Т А Ј
од учеството на националниот натпревар „Европски квиз на пари“
Македонската банкарска асоцијација следејки го примерот на другите европски земји, по трет пат го организира националниот натпревар „Европски квиз на пари“ на 24.03.2021г. (среда), во 13:00ч, на македонски јазик. „Европскиот квиз на пари“ во услови на корона криза се спроведе на начин различен од претходно утврдениот, со тоа што право да се натпреваруваат имаат учениците од класовите пријавени на јавниот повик објавен од страна на Македонската банкарска асоцијација, во јануари 2021г., истите ќе се натпреваруваат online (од дома), а секој тим (составен од двајца ученици) ќе се најави со пинот даден од страна на Банкарската асоцијација. Натпреварот ќе се одржи преку електронската платформа Kahoot!, со емитување на натпреварот преку официјалниот Youtube канал на Kahoot!. Сите прашања ќе бидат со понудени одговори од кои само еден е точен, а освен точноста на одговорите, ќе се калкулира и бразината на натпреварувачот при одговарањето.
Од ООУ „Стив Наумов“ – Скопје и оваа учебна година беа пријавени ученици од 8 одд. и тоа од 8в одд. 20 ученици и од 8г одд. 28 ученици, односно вкупно 48 ученици од училиштето под менторство на Олгица Ристовска и Даниела Моневска, наставници по математика. Пријавувањето на учениците беше на 01.02.2021г., а на учениците веќе им беа посочени материјали за учење и во соработка со менторите дискутираа и усвојуваа знаења од областа на банкарството, осигурувањето, депозити, кредити и кредитни картички. Целта на натпреварот и на проектот воопшто, е подигнување на финансиската едукација кај ученици од 13 до 15 години.
По пријавувањето на 25.02.2021 година преку Webex платформата се одржа работна средба за подготовка за натпреварот ,,Европски квиз на пари“ со наставниците и професорите координатори од основните и средните училишта кои се пријавија за учество. На 15.03.2021 беше извршено пријавување на тимови за натпреварот „Европски квиз на пари“. Поради настанатата вонредна ситуација учењето се реализира online со учење од дома. На 13.03.2021г., преку платформата Webex, учениците заедно со своите ментори учествуваа на едукативен настан по повод „Европски квиз на пари“. На 22.03.2021г., Македонската банкарска асоцијација достави список со шифри (nickname) за ЕКП за сите учесници.
На националниот натпревар ,,Европски квиз на пари“ кој се оддржа на 24.03.2021г. (среда), во 13:00ч, на македонски јазик, пријавени беа следниве ученици:
Јана Петровска Стефанија Петковска
Дина Тахир Богатиновска Сања Трајчевска
Тамара Јовевска Деница Лотеска
Михаил Трајчевски Марко Станковски
Андреј Јанкуловски Иван Анастасов
На натпреварот учествуваа 1622 ученици (811 тимови) на возраст од 13 до 15 години од повеќе основи и средни училишта од целата држава. Најдобро пласираниот тим од нашето училиште го освои 63 -то место.
Координатори и ментори на натпреварот:
Олгица Ристовска
Даниела Моневска