Ученици од предметна настава ( од VIто,VIIмо и VIIIмо одделение ) од нашето училиште секој вторник во учебната 2020/2021 година учествуваат на меѓународниот линк- Поврзи ги учесниците во учењето на далечина (Link online learners). За време на активноста на линкот децата се под менторство на наставници и други возрасни лица кои активно го говорат англискиот јазик и се интервјуирани при изборот за ментор.

Преку учеството на линкот учениците имаат можност да го користат англискиот јазик притоа комуницирајќи со деца од целиот свет. Нивните активности вклучуваат: драматизации, презентации, разговор на интересни теми за младите и различни интерактивни игри на англиски јазик.

 

https://linkonlinelearners.org/