Записник бр.1
од одржаниот состанок на Ученичкиот парламент
Состанокот на Ученичкиот парламент кој се одржа на 13.11.2020 год. се водеше преку апликацијата Zoom.
Состанокот се водеше по следниот
Дневен ред:
1.Потребата од формирање ученички тел
2.Модели на ученичко организирање во рамките на училиштето и нивните функции;
3.Избор на претседател и заменик претстедател на Ученичкиот парламент;
4.Тековни прашања
На овој состанок на учениците им беше објаснето зошто е потребно да се формираат ученички тела, а исто така им беа објаснети и двата модела на ученичко организирање во рамките на училиштето: Одделенска зедница (Заедница на паралелката) и Ученички парламент и нивните функции. На овој состанок се спроведе избор за Претседател и заменик претседател на Ученичкиот парламент, а потоа им беа објаснети и нивните задолженија во рамките на работата на Ученичкиот парламент. Учениците добија и задолженија за организирање на различни активности по повод одбележување на ,,20 Ноември-Светски ден на детето“ .