Милан Стојчевски од 7б одделение е избран за Ученички правобранител во ООУ „Стив Наум“ откако ја доби довербата со мнозинство гласови од учениците од седмо до девето одделение, по пат на тајно гласање, согласно Законот за основно образование.

За Стојчевски се определија 117 ученици од 216 колку што гласаа на Отворениот повик кој беше затворен на 12 октомври. Во конкуренција на тројца кандидати, тој првото место го освои пред Зорица Станковска (7б одделение) со 65 гласови и Рабија Халим (7в) со 34. Двајцата ќе му бидат заменици на Стојчевски, кој на оваа функција ќе се задржи 2 (две) учебни години колку што трае мандатот на Ученичкиот правобранител.

Стојчевски ќе се грижи за заштитата и почитувањето на правата на децата во училиштето, ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училишен кадар и Народен правобранител).