Општина „Гази Баба“, во училишната сала на ООУ „Стив Наумов“ во Скопје, беше домаќин на показен и работен тренинг, во организација на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) како дел од проектот на ФИБА (Федерација на меѓународни кошаркарски асоцијации) Европа наменет за популаризација на женската кошарка, под наслов „Her world, her rules“, со девојчиња на седум и осум годишна возраст.

На тренингот, во улога на официјален промотор, беше една од најдобрите македонски кошаркарки, Јелена Антиќ, под будното око на наставниците за физичко и здравствено образование од училиштето, кои работеа со 22. девојчиња од второ одделение.