Државниот натпревар по географија, 2022 година, во организација на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ„ се одржа на 04.06.2022 година (сабота), во 12.30 часот.

Нашето училиште го преставуваше Јована Мерџановска, ученичка од VIII одделение под водство на ментор Анета Сeрафимова-Николовска.

Ученичката Јована Мерџановска  го заврши натпреварот со освоена пофалница.

Претходно на Регионалниот натпревар по географија, 2022 година, нашето училиште го преставуваа Лина Петрушевска, ученичка од VI одделение под водство на ментор м-р Марина Грамова и Јована Мерџановска, ученичка од VIII одделение под водство на ментор Анета Сeрафимова-Николовска.

Ученичката Лина Петрушевска го заврши натпреварот со освоена пофалница, а ученичката Јована Мерџановска  освои второ место и обезбеди пласман и учество на државниот натпревар.