Во координација со Детската организација, преку пригодна приредба со реферат за „Конвенцијата на правата на децата“ и поетски творби за децата како наше најголемо богатство, со декоративна ѕидна изработка (одд.наставник – Сузана Апостолова), изработка на плакати (одд.наставник и координатор за Детска организација – Елизабета Каранфилова) и ликовни изложби (одд.наставници – Марлена Најдовска, Славица Стојаноска и Тања Горгиева) на тема „Што е потребно за среќно детство“ на 18.11.2022 (петок) учениците од нашето училиште, ООУ „Стив Наумов“ – Скопје, го одбележаа 20 Ноември – Светскиот ден на детето.
Координатор за Детска организација:
Елизабета Каранфилова
Предметна настава:
Бојана Митевска