Црвено-бела амајлија
Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Во чест на Први март, девојките и жените плетеле алки – Мартинки.
Мартинка е декорација од засукани конци кои се ставаат на 1 Март за здравје, во Македонија и неколку други народи од Балканот, што е заедничка нишка,што го поврзува овој дел од Европа.
Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои – бела и црвена. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци.
Традиционално секоја година во просториите на општина “Гази Баба” се организира изложба и избор на најдобра креација на паноа со најубави мартинки,во која зема учество и нашето училиште ООУ “Стив Наумов”- Скопје. Учениците ги изразија своите креативни идеи и способности. Најуспешните беа однесени во општината “Гази Баба”. Останатите мартинки беа изложени на училишното пано.
Датум 01.03.2022 година Одделенски наставник: Руменка Дејанова