Активностите кои ги спроведува Ученичкиот парламент се од големо значење за воспитно-образовниот процес во училиштето. На состаноците на Ученичкиот парламент учениците можат да ги искажат своите мислења, да даваат идеи и предлози за нивно вклучување во најразлични активности.
Соработката со училиштето и учеството на родителите во активностите на училиштето се од големо значење, затоа што на тој начин се создаваат услови кои ги поттикнуваат, насочуваат и мотивираат учениците, а воедно им се даваат можности да ги изразат своите способности, знаења, вештини, таленти, како и можност за постигнување повисоки резултати во одредени области.
На иницијатива на на Претседателот на Ученички парламент-Ѓорѓи Цветковски од VII б одделение, беше организирана математичка работилница.
Математичка работилница-1, 27.02-13.03.2021
ОУ ”Стив Наумов”, Гази Баба, Скопје
Во периодот 27.02 – 13.03.2021 година, на иницијатива на Ученичкиот парламент од училиштето, online – преку платформата на училиштето ќе се организира математичка работилница во организација на: Училишниот колектив, Ученичкиот парламент, Тане Вурмо и Здравко Цветковски.
Целта на оваа работилница е подготовка на учениците од основното училиште Стив Наумов од Скопје кои оваа година учествуваат на натпреварите по математика и сите оние ученици кои покажуваат особен интерес кон математиката.
Предавањата ќе се реализираат во две групи:
– Ученици од 4-то, 5-то и 6-то одделение.
– Ученици од 7-то, 8-то и 9-то одделение.
Часовите за двете групи ќе се одржуваат во следниве денови (термини):
– Сабота, 27.02: 10-12 часот
– Недела, 28.02: 10-12 часот
– Сабота, 06.03: 10-12 часот
– Недела, 07.03: 10-12 часот
– Среда, 10.02: 12-14 часот
– Четврток, 11.02: 12-14 часот
За подетални информации може да се обратите до предметните наставници по математика или до наставникот Тане Вурмо.
Скопје, 25.02.2021 година