Проектот „Антикорупциска едукација за учениците од основните училишта“ има за цел да воспостави вредносен систем, кој ќе ја измени сегашната култура на прифаќање на корупцијата и ќе ги промовира придобивките од доброто владеење и однесување.
Како дел од програмата за Антикорупциска едукација за учениците во нашето училиште беше објавен литературен и ликовен конкурс на тема : “Стоп за корупција-ја разјадува довербата, ја руши демократијата”.
Наградени ученици на ликовниот конкурс:
Прво место: Магдалена Велковска IXг одд.
Второ место: Ева Стојановска IXг одд.
Трето место: Роберт Тасевски VIIб одд.
Наградени ученици на литературниот конкурс:
Прво место: Ангела Алачки IXб одд.
Стоп за корупција-ја разјадува довербата, ја руши демократијата
Децата и возрасните на различен начин ја толкуваат корупцијата, но сега ќе гледаме од аспект на дете кое чекори по патот да стане возрасен. Корупцијата е голем и широк поим, можеби не поголем и не поширок од светот на возрасните, но доволен за да се развива во него. Карактерот на еден човек се формира уште од неговото раѓање и се надоградува во текот на целиот негов живот. Јас гледам на корупцијата како прекршување на законите, омаловажување на успешните или желба за власт и владеење со плаќање на одредена сума пари.
Низ векови наназад, со демократизирањето на земјите, луѓето кои се залагале и верувам има такви кои се уште вистински се залагаат за почитување на меѓународното право, од правен и етички аспект го дефинирале овој поим. Сигурно и во минатото имало корупција, но ние, денешните генерации сме сведоци на масовни корумпирани системи во сите сфери на општеството. Менталитетот и размислувањето на денешните политичари налага желба за власт и неправедно кратење од буџетот на граѓаните употребувајќи го за нивни сопствни цели. Овде ќе се надоврзам и на актуелната состојба со вирусот, кој од ден на ден ги одзема животите на многу луѓе со здравствени проблеми. Ви се верува ли дека луѓе кои немаат доволно пари или врски во повискоките служби на медицината и политиката не можат да ја добијат потребната здравствена нега и ги губат животите. Светот е пред еколошка катастрофа. Многу езера и реки пресушуваат. Еден ден светот ќе се соочи со криза поради недостаток од вода и тогаш повторно оние луѓе кои имаат малку повеќе пари од оние просечните ќе можат да преживеат. Луѓе денес плаќаат за оценки и дипломи, бараат врски за да го завршат факултетот. Покрај толку млади и талентирани кадри кои со својот капацитет и квалитет можат да придонесат за развиток на светот, зарем ние ќе дозволиме необразувани доктори да не лекуваат или некој што преку врски „положил“ да не вози со кола…
Новите генерации се иднината на светот, ние сме иднината на светот и нема да дозволиме корупцијата да продолжи да зазема уште поголем замав. Ако го промениме јавното мислење и им укажеме на младите дека со корупцијата не можат да остварат придобивки, ниту за себе ниту за светот, многу работи ќе се сменат. Корупцијата не само што и се спротиставува на демократијата, туку и ги намалува шансите за подобро утре на светот.
Второ место: Моника Стојановска IXг одд.
Стоп за корупција-ја разјадува довербата, ја руши демократијата
Зарем постои цена, доволно примамлива, човековата гордост да се продаде? Посегнатата, никогаш задоволена рака, онака студено, си дозволува да се препушти на ниските денешни страсти, диктирани од пропустите во општеството.Непостои цена за која човекот би си ги прегазил достоинството и честа, непромислено и ладнокрвно да ја фрли во неврат довербата по која многумина копнеат. Моментот кога ќе разберат деканикогаш повторно нема да ја имаат довербата од човекот,чиј поглед кон светот е само невино светло,тие гаснат.
Живееме во општество каде секој човек има свои права и одговорности. Себичност на една индивидуа,поддржана масовно од корумпирани функционери, ја злоупотребуваат довербата на обичниот народ. Живееме во илузија, една слатка лага која зад себе носи горка вистина, живееме во време каде што сите сме еднакви и секој си го знае своето место. Животот во такво општество е само едналага. Ја градиш довербата на народот кој зависи од тебе, а потребен е само еден погрешен чекор и препуштање на лакомоста и за миг ја губиш човековата доблест. По тој чекор никогаш повеќе нема да бидеш погледнат со истите очи на луѓето.Секојдневно ,,преживуваме “ во свет, корумпиран од толпа луѓе,чекајќи го својот ред да ја платат казната. Живееме во свет каде гордоста се купува со пари. Каде сè има цена, каде материјалното го засенува духовното, ја руши демократијата.Поигрувајќи си со нечијата безбедност, ставајќи ги сопствените потреби пред останатите,нè доведува до еден безизлезен лавиринт. Вид на модерен криминал кој толку брзо ги открива нечиите намери и го прегазува карактерот на една установа. Корупцијата ја дефинираме како полесен вид на кражба и подмитување.
Освен злоупотребувањето на довербата на народ, но и на својата службена положба, со цел незаконска придобивка. Безброј млади ентузијастички умови,за жал ,ја немаат привилегијата да бидат дел од темелот на една успешна заедница. Битката против корупцијата претставува вистински предизвик во заедница, каде што моралот и соживототтреба да надвладее. Човековите ниски стандарди секојдневно влеваат несигурност кај граѓаните, ја прегазуваат и нивната доверба Живееме во период каде одредена парична сума го движи светот.Ние младите се развиваме со помислата декаеден ден ќе застанеме пред оваа неправда.Сето тоа може да се спречи, но прашањето е дали навистина можеме и дали сакаме. Дали ќе собереме сили да проговориме и да се освестиме, додека денешните постапки сè уште не ни удриле ,,шлаканица” ини оставааттрајни последици? Корумпирано општество е продадено општество кое не гледа иднина. Корумпиран работник, но и сите ние кои премолчуваме, само вртејќи го погледот на друга страна,не размислувајќи во поширок размер, ја поддржуваме корупцијата, а ги потиснуваме нашите лични ставови.
Идеалите и чистиот морал на принципиелните генерации во кои корупцијата не зазема место, сенашата иднина. Достоинството и човечноста ,да си ги вратиме.Непроценливи се и гордостаи чесното име кои ги оставаме зад себе. Борбата против корупцијата и корумпираните работници е всушност свест на еден народ. И токму кога ќе се ослободиме од тие комплексни особини, ќе ја добиеме битката,ќе живееме во општество кое го посакуваме.
Трето место: Мина Гапковска VIIIг одд.
Стоп за корупција-ја разјадува довербата, ја руши демократијата
Корупцијата претставува еден од најголемите и најтешките проблеми со кои се соочуваме во нашето општество. Таа толку многу е навлезена во сите сфери од животот на човекот што станува нормална појава.Сите ние сме сведоци на многу примери кои сведочат за нејзиното постоење. Безброј пати во многу ситуации сме останале разочарани, изманипулирани, па дури и навредени како резултат на оваа деструктивна појава. Најмногу ме иритира и разочарува корупцијата во образованието. Ја има во многу облици: доделување на повисоки и незаслужени оценки, фаворизирање на послаби ученици поради високиот статус на нивните родители во општеството, полагање на испити за пари, партиски вработувања во училиштата без оглед на стручноста, добивање место во студентските домови иако не се исполнуваат условите, упис на факултет со помош на т.н. врски и уште безброј вакви примери. За жал на овој начин свесно се губи довербата кај младите умови, а желбата за успех и напредок се намалува. Голем дел од нив се одлучуваат да заминат надвор од својата земја каде што ќе се цени нивниот квалитет. Поразителен е фактот што на оние кои со помош на пријатели и пари го завршиле образованието ќе им се даде поголема привилегија и поубаво работно место, а за сметка на тоа ќе трпи образовниот систем кој наместо да се развива ќе се уназадува.Сето ова се случува пред нашите очи ,но како сите да сме слепи и да не го гледаме тоа.Немаме глас и моќ сами не можеме да се спротивставиме на овој систем. Ова е проблем на глобално ниво и се одвиваат големи дискусии и кампањи за намалување на корупцијата. Да се надеваме на поголеми резултати во иднина во решавањето на овој проблем. А дотогаш нашата уникатност, способност, нашите квалификации нека не водат по вистинскиот пат и така нема да дозволиме корупцијата да не обесхрабри.