Во интерес на превенцијата и заштитата од КОВИД -19, односно заштитата на здравјето на учениците и вработените во нашето училиште, на 09.04.2021г. се вакцинираа 15 наставници кои одржуваат настава со физичко присуство. Во однос на истото, за вакцинација се пријавени повеќе од вработените, без разлика на тоа како ќе се одвива наставата во иднина и со тоа покажаа дека се одговорни во однос на ситуацијата и зазедоа сериозен став во борба против пандемијата. Вакцинацијата на вработените е во тек и околу тоа на веб страната на нашето училиште редовно ќе бидат поставувани известувања, така што сите кои што ја посетуваат ќе имаат увид во истото, односно редовно ќе бидат информирани како се одвива процесот на вакцинација и имунизација на вработените во нашето училиште.