На 10.10.2022 год. дел од учениците од второ, трето, четврто, петто, шесто и седмо одделение учествуваа во контактно – училишната емисија „ Ѕвон“, на покана од уредникот Татјана Ласковска.

 

Учениците го претставија своето основно општинско училиште –  ОOУ „Стив Наумов“, а воедно и активности во рамките на проектите “Ученички иницијативи“ и “Еколошка едукација во Македонскиот образовен систем“.

Се презентираа содржини од страна на талентираните ученици од областа на музиката,  драмската и литературната сeкција како и знаење од областа на техничко образование и природните науки. Учениците покажаа  голема креативност, а посебен акцент беше ставен на едуцирањето и другарувањетo.

 

Датум 10.10.2022 година                                                                     Координатор:  Андријана Стефановска