Во ОУ ,,Стив Наумов“ во Автокоманда во Општина Гази Баба се одржа третиот дел од проектот „Не пластични кеси“, што го организира здружението „Еко звон“, со подршка од Општина Гази Баба.

Ова здружение оддржува предавања низ сите 11 училишта во општината, со цел да се подигне еко свеста кај децата за загадувањето на природата при користењето пластични кеси.

И денеска на учениците им се презентираше можноста наместо пластични кеси, да употребуваат еко торби, односно повеќенаменските платнени торби.

Учениците и организаторите на настанот упатија еколошки пораки за користење платнени или хартиени торби, со кои се штити и се чува природата.