Општината Гази Баба во партнерство со Амбасадата на Република Словенија и Земјоделскиот институт – Скопје  организира настан за чистење на природно рекреативниот дел (парк шумата) во општина Гази Баба – Скопје, насловен како Пријателство со природата што  се одржи на 8 јуни 2022 год. со времетраење од 09:00 до 12:00 часот.

Целта на настанот е да се подигне свеста кај младите од основното образование за зачувување на животната средина, Видео разговор помеѓу децата од основните училишта од Гази Баба и ОУ од Словенија, како и за значењето на живиот свет, преку акција за чистење на парк шумата во Општина Гази Баба од отпадоци и едукативно-интерактивни содржини на отворено.

    

На акцијата учествуваа ученици од ООУ Стив Наумов и наставниците (Марина Г. и Ивана С.) и ООУ Глигор Прличев. Интерактивните активности имаа различни теми: Фито група – учење за растенијата. Собирање на различни растенија, подготовка на креативни цртежи во комбинација со растенијата, разговор со менторот, начин на подготовка на хербариум, правење на фотографии од групата и избор на 10 најуспешни фотографии наменети за постирање на социјалните мрежи на организаторите. Одредување на латинските имиња на растенијата. Ентомолошка група – учење за инсектите. Сликање на инсекти, посматрање на инсекти со бинокулар, разговор со менторот, избор на 10 најуспешни фотографии наменети за постирање на социјалните медиуми.

 

Градинарска група – учење за градинарството. Садење на  градинарски растенија. (материјалите за садење ќе ги обезбеди Земјоделски институт), разговор со менторите, со акцент на важноста на автохтоните сорти на градинарски растенија, правење на фотографии од групата и избор на 10 најуспешни фотографии наменети за постирање на социјалните групи на организаторите. Овоштарска група – учење за овошјата, здравата храна, значење на автохтоните сорти на овошки. Одредување на латинските имиња на овошките. Правење на фотографии од групата и избор на 10 најуспешни фотографии наменети за постирање на социјалните мрежи на организаторите.

Се надеваме и во иднина соработката ќе продолжи, а најважно е учениците да ја сакаат и чуваат ПРИРОДАТА!!!

 

ПРЕДМЕТЕН НАСТАВНИК : м-р МАРИНА ГРАМОВА

ОДДЕЛЕНСКИ НАСТАВНИК : ИВАНА САЗДОВА