Нашето училиште е дел од проектот „Безбедност во училиштата“, изработен од страна на Одделението за превенција а поддржан од Одделот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ.

Основна цел на проектот е подобрувањето на севкупната и лична безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, намалување на сите облици на насилство помеѓу учениците и детектирање на поединци и групи од училиштата како евентуални прекршители на законите, како и градење на доверба меѓу учениците и полицијата и развивање на меѓусебната соработка.

Активностите ќе се реализират преку формирање на Клуб за превенција во кој  членуваат ученици од седмо  и осмо одделение. Активностите ќе се реализираат во форма на едукативни работилници.