Денот на планетата Земја е годишен настан на 22 април за да се демонстрира поддршка за заштита на животната средина. За прв пат одржан на 22 април 1970 година, сега вклучува широк спектар на настани координирани на глобално ниво од EARTHDAY.ORG (поранешна мрежа на Денот на планетата Земја) и вклучува 1 милијарда луѓе во повеќе од 193 земји.
Во 1969г. на Конференцијата на УНЕСКО во Сан Франциско, Џон Меконел, активист за мир, предложил да се одбележува ден во чест на планетата земја заедно со концептот на мирот, за прв пат на 21 март 1970г., односно првиот ден на пролетта на северната хемисфера. Овој ден на рамнотежата на природата подоцна бил санкциониран во прокламацијата напишана од Меконел и потпишана од генералниот секретар на Обединетите нации. Еден месец подоцна, сенаторот на Соединетите Држави, Гејлорд Нелсон, ја предложил идејата да се одржи национална настава за животната средина на 22 април 1970г. и за таа цел како национален координатор бил ангажиран младиот активист Денис Хејс. Подоцна, од страна на Нелсон и Хејс, овој настан бил преименуван во „Денот на планетата Земја“. За таа цел, Хејс и неговиот персонал го зголемиле настанот надвор од првичната идеја за настава со тоа што требало да се вклучат сите жители на САД. Оттука, повеќе од 20 милиони луѓе излегле на улиците, а првиот „Ден на планетата Земја“ до денес е запомнет како најголемиот единствен протест во историјата на човештвото. Интересен е податокот што главната улога како клучни партнери на овој настан биле оние кои не биле директно фокусирани на животната средина, така што Обединетите авто-работници под водство на лидерот на трудот, Валтер Ројтер, биле најинструменталниот надворешен финансиски и оперативен поддржувач на овој настан. Од страна на Хејс постоело мислење дека без поддршката на ОАР, првиот ден на планетата Земја веројатно ќе пропаднел. Подоцна, на Нелсон му е доделена наградата Претседателски медал на слободата, како признание на неговото дело.
Првично, првиот ден на планетата Земја бил фокусиран на САД, но во 1990г., Хејс, оригиналниот национален координатор во 1970г., овој настан го организирал во 141 нација. Во 2016г. на „Денот на планетата Земја“, договорот од Париз бил официјално потпишан од страна на САД, Кина и околу 120 други земји. Со ова потпишување е задоволено клучното барање за стапување во сила на историскиот нацрт договор за заштита на климата, усвоен со консензус на 195-те нации присутни на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации во Париз, во 2015г.
Понатаму, се вклучуваат бројни заедници во активностите на Неделата на денот на планетата Земја, односно, тоа се активности кои се фокусирани на еколошките проблеми со кои се соочува светот. На Денот на планетата Земја во 2020г., над 100 милиони луѓе ширум светот ја одбележаа годишнината, која се нарекува – најголемата онлајн масовна мобилизација во историјата.
За таа цел и приклученост во овој значаен светски настан, во прилог е и нашиот начин на учество и поддршка на заштитата на климата, животната средина и воопшто „Денот на планетата Земја“. Учениците од нашето училиште под водство на наставниците и службата во нашето училиште активно се приклучија и го одбележаа овој настан со најразлични творби – од цртежи и изработки до поетски творби и покажаа дека и покрај условите во кои се наоѓаме сите, надежта и желбите за поубава и поздрава средина постои и егзистира кај сите, без разлика на возраста.