На ден 07.11.2022 и 08.11.2022 год. во просториите на ООУ„Стив Наумов“, се одржаа дводневни обуки за наставниците од одделенска настава и за наставниците од предметна настава.
Обуката на тема ,,Учење преку истражување, работа на проект и решавање проблеми“, во организација на Академија ЦЕС.ја следеа 30 одделенски наставници, а истата ја реализираше Марика Балабанова
На обуката се реализираа следните содржини:
– Современи пристапи во наставата и активно учење
– Решавање проблеми и проблемска настава како основа за развој на критичко и креативно размислување
– Истражување како наставен метод и истражувачка настава
– Проект и проектна настава
Наставниците од предметна настава ја следеа обуката ПРИМЕНА НА ИНОВАТИВНИ ИНТЕРАКТИВНИ ПРИСТАПИ ВО НАСТАВАТА, обучувач: Гордана Блажевска Спиридонова.Обуката се состоеше од четири сесии:
-Иновативни пристапи и примена на активни техники во современото образование
-Конструктивистичка настава и интегриран пристап во структурата на наставниот час
-Моделот на превртена училница и имплементација на превртената училница во пракса
-Креирање сценарио според моделот на „превртена училница“