Мартинките се дел од културниот идентитет на македонскиот народ, но и дел и од традицијата на неколку други народи од Балканот, што е заедничка нишка што го поврзува овој дел од Европа.

Македонците ја почитувале и негувале традицијата за носење и правење мартинки. Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа.

Се подарува на Први март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година.

Традиционално секоја година во  просториите на општина  “Гази Баба”  се организира изложба и избор на најдобра креација на паноа со најубави мартинки,во која зема учество и нашето училиште ООУ “Стив Наумов”- Скопје. Учениците ги изразија своите креативни  идеи и способности. Најуспешните беа однесени во општината “Гази Баба”. Останатите мартинки беа изложени на училишното пано.

 

датум: 01.03.2021 година                                           Одделенски наставник: Руменка Дејанова