Извештај за одбележување на 20 Ноември-Светски ден на детето

На 20 ноември 2019 година (среда) учениците од ООУ „Стив Наумов“, членови на Детската организација, го одбележаа Светскиот ден на детето и 30 години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето од страна на Генералното собрание на ОН.

По тој повод во блиската околина на училиштето на случајните минувачи, продавачите, купувачите и други вработени учениците им поделија пригодни флаери со кои ги потсетија возрасните на детските права.

     

     Одговорни вработени:

Билјана Теовска

Елизабета Каранфилова