По повод: 15 Септември – Светска акција ,,Да го исчистиме светот“

Организатор: Еко тим, учениците и наставниците од ООУ,,Стив Наумов“

Локација: ООУ,,Стив Наумов“-Скопје

Датум на спроведување: 15.09.2025     

Времетраење: во текот на целиот училишен ден

Цел на активноста: Да се подигне свеста за важноста на чистата животна средина и да се охрабри секој поединец за свој придонес кон поздрава планета

 

Опис на активноста:

На 15 Септември нашето училиште се приклучи кон глобалната иницијатива со следниве активности:

-организирање на едукативни работилници и презентации на тема екологија и одржлив развој;

-изработка на постери, пораки и пишување  есеи за важноста на чистата животна средина;

-читање реферат на разглас;

-чистење на отпадот во училишниот двор.

Заклучок: Акцијата по повод Светскиот ден ,,Да го исчистиме светот“ беше успешно реализирана. Истата остави позитивен впечаток и покажа дека со заеднички напори можеме да придонесеме за почиста и поздрава животна средина. Ќе продолжиме и во иднина со вакви акции, со цел развивање на еколошката свест кај младите и пошироката заедница.

Предметен наставник: м-р МАРИНА ГРАМОВА

Одделенски наставник: ИВАНА САЗДОВСКА СПАСИЌ