На 1 септември 2025 година со почеток во 09:00 часот и со поздравен говор на директорката на училиштето, м-р Лилјана Стефановска, се одржа пригодната приредба по повод прием на првачињата во училиште, почетокот на нивното школување и нивна интеграција во воспитно-образовниот процес.
Првачињата со своите родители, возбудени и насмеани, подготвени за новата учебна година приредбата со внимание ја проследија, а по читањето и по постројувањето, предводени од своите одделенски наставници, заминаа во своите училници и примија учебници и пригодни подароци.
Им посакуваме бројни успеси во школувањето и безгрижно детство!
Координатор за Детска организација: Елизабета Каранфилова