На 14 и 15 мај 2025 година беше изведена предвидената дводневна  екскурзија според однапред утврдена програма. На екскурзијата учествуваа вкупно 76 ученика и наставниците: Олга Добревска, Олгица Ристовска и Соња Рулеска. Активностите се одвиваа во горенаведените денови и тоа:

Прв ден -Тргнување од пред училиштето во 08:00 часот и упатување кон Струмица со попатно минување крај градот Свети Николе. Посета на археолошкиот локалитет Водочки манастир ,,Св.Леонтиј, а потоа разгледување на градот Струга. Патувањето продолжи со посета на Колешинскиот водопад. Пристигнување во Дојран во попладневните часови. Учениците беа сместени во хотелот Полин. По вечерата учениците имаа организирана забава во рамките на хотелот.

Втор ден -По појадокот учениците и наставниците излегоа на прошетка крај брегот на Дојранското Езеро и разгледување на непосредната околина. Беше посетена Саат-кулата и манастирот ,,Св.Илија ‘’. По ручекот следуваше напуштање на хотелот и поаѓање за Скопје со попатни паузи и пристигнување во вечерните часови, во 19 часот.

На екскурзијата беа поставени и реализирани следните цели:

Учениците:

-да се запознаат со населени места;

-да се запознаат со природните oдлики на Дојранското Езеро;

-да се запознаат со делови од нашето подалечно и поблиско минато;

-да изучуваат и истражуваат објекти и појави во природата како и односи во општествениот живот;

-да се развиваат позитивен однос кон националните, културните и естетските вредности.

-да се развиваат другарството и социјализацијата на учениците.

На сите одредишта преку разговор (прашања, одговори, следење излагања на стручни лица) се следеше однесувањето на учениците, се внимаваше на нивните интерси и активности. Преку писмени и други форми се очекуваат повратни информации за посетените места, за другарувањето и доживувањата .

Техничката реализација (квалитетот на превозните средства, квалитетот на сместувањето и соработката со агенцијата) беше во согласност со договореното.