На 17 мај, ученичките: Мила Цветаноска, ученичка во 9 одделение и Бојана Ицкова, ученичка во 8 одделение, заедно со менторките Магдалена Јанковска и Валентина Соколова земаа учество на Рецитаториски натпревар што се одржа во рамки на Државниот натпревар по македонски јазик и литература за основно образование, а се одржа во Скопје Сити Мол.

Со својот впечатлив настап, Бојана Ицкова освои трето место, со што го потврди квалитетот на нејзината подготовка, труд и посветеност, како и стручна подготовка од нејзиниот ментор Валентина Соколова.
Со ова признание, таа достојно го претстави своето училиште „Стив Наумов“ – Скопје и послужи како позитивен пример за нејзините врсници.
Учество на вакви натпревари претставува значаен поттик за развивање на јазичната култура, самодовербата и творечкиот израз кај учениците.