Под покровителство на Општина Гази Баба специјалист ортодонт Др.Марија Караѓозова Ивановска од специјалистичката ординација по ортодонција Др.„ Караѓозова Ивановска“ на 16.05.2025 год петок во ООУ„Стив Наумов“-Гази Баба, Скопје реализираше стручно предавање на тема „Волшебната ортодонција дел од превенција на дентофацијалниот систем“. Предавањето се планираше и реализираше во соработка со Општина Гази Баба како поддржувач на мали и микро бизниси, а имаше за цел учениците од V а,б,в да се информираат и запознаат со превенцијата и правилниот раст и развој на оралофацијалниот систем. Учениците со интерес и внимание го проследија предавањето и активно и со задоволство учествуваа и се вклучуваа во разговор и дискусија на поставени прашања. Споделуваа искуствени знаења и се стекнаа со нови и корисни и едукативни информации.

По завршување на предавањето учениците повторија за наученото. Др. Караѓозова подели соодветни флаери со 15 златни правила за орално здравје како и хигиенски помагала за орална хигиена обезбедени од Општина Гази Баба.
Актив на V одделение