На ден 11.04.2025 година (петок) е  реализирана  еднодневна екскурзија од научно- истражувачки , едукативен и рекреативен карактер во градот  Крива Паланка и неговата околина.

Екскурзијата е наменета за учениците од III-то (III-а, III-б , III-в и III-г)  одделение, со цел учениците да се запознаат со природните убавини, одликите и историското минато, традицијата и обичаите на  градот и околината.

Тргнувањето беше од булеварот „Александар Македонски” во 08.00 часот. Се патуваше со 2  автобуса  во кои патуваа 89 ученици од сите  трети одделенија, 2 родители, 1 образовен асистент  и 7 одделенски наставници: Љубинка С.Петрушева, Ангелина Трајковска, Руменка Дејанова, Јордан Петрушевски, Анетка Трајкова, Радица Стоилковска и Ана Ристовска. При патувањето во придружба на учениците заедно со наставниците беше присутен водич како и медицинско лице-лекар.

Патувајќи кон северо-источниот дел на Р.С. Македонија учениците ги разгледуваа одликите на нашата татковина. Во 10 часот пристигнавме во градот Крива Паланка и се упативме кон манастирот „ Св.Јоаким Осоговски“ . Пешачејќи покрај Крива Река во подножјето на Осоговските Планини  го посетивме манастирот, стар повеќе од 1000 години. Потоа следеше краток одмор во прекрасната природа, посета на дел од манастирот и запознавање со кулутрно-историското и верското значење на манастирот од страна на монасите. Потоа се упативме кон градот Крива Паланка. Следуваше разгледување на градот со прошетка низ  градскиот парк, општината и  тамошните знаменитости по што се упативме кон градскиот музеј  каде учениците имаа можност да се запознаат со културното наследство  на кривопаланечкиот крај преку: етнологија, археологија, историја, историја на уметност, техничка култура и нумизматика. По посетата на музејот, учениците имаа можност да се прошетаат, рекреираат , другаруваат и социјализираат во блискиот парк.

Учениците и наставниците безбедно се вратија пред ООУ,,Стив Наумов” во Скопје во  17:00 часот.

Одговорен наставник – Ана Ристовска