На ден 27.03.2025 година во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид се одржа државниот натпревар по германски јазик за учениците од основните училишта.
Нашето училиште имаше 5 учесници кои со својот труд и талент и со својот огромен интерес за изучување на германскиот јазик и секако со поддршка на својот ментор – професор Моника Митреска-Трајкоска ги освоија следните значајни награди:
1. Мила Томиќ Атанасовски 6г – 3 награда
2. Матеа Јанкулоска 7б – 3 награда
3. Мила Анѓеловска 7в – пофалница
4. Тамара Василевска 8в – 2 награда
5. Искра Митреска 8в – 3 награда
Нашето училиште може само да се гордее со вакви ученици.
Wir wünschen ihnen viel Erfolg in ihrem Leben und ihrer Ausbildung!