Почитувани, сакаме да ве известиме дека по повод новогодишните и божиќните празници Алкалоид АД Скопје како општествено одговорна компанија и водејќи се под мотото Здравјето пред се, донираше витамини за деца во 1в одделение со одд.наставници Гордана Мацкова и Ирена Тричковска во ООУ„ Стив Наумов“. За 29 дечиња обезбедивме витамински пакетчиња со Ацерола 40мг и Бекутан изотоничен спреј за нос како и боенка за секое дете со хероите од Бекутан кидс витс. Целта на донацијата беше да се едуцираат и потикнат децата за здрава исхрана и секојдневна хигиена како на раце, заби така и на носот. Имавме мала презентација и корисни совети зошто и како треба да го негуваме и чуваме нашето здравје. Ацеролата е природен витамин Ц кој ни е неопходен за имунитет и за борба со настинките. Таа ни помага да се избориме со секојдневниот замор и стрес.

Секојдневната хигиена на носот е важна бидејќи прекумерната слуз и сувост на слузокожата во носот може да бидат основа за зголемување на бројот на микроорганизмите во носот. Благодарение на механичкиот ефект на Бекутан изотоничниот спреј, носните шуплини убаво се хидрираат, се олеснува измивањето и извлекувањето на слузта, со што се олеснува проодноста на воздухот низ носните патишта.
Ви благодариме на подршката и веруваме дека оваа соработка ќе премине во традиција. Убедени сме дека успеавме да ја измамиме детската насмека и да ги усреќиме децата токму во најубавиот период од годината.
Со почит,
Марија Диевска Младеновска