На ден 18.12.2024 (среда) во  рамки  на проектот „Градиме мостови“ се реализираше  заеднички час, последен за ова полугодие, помеѓу ученици од нашето училиште, од VIII-а одделение, и ученици од ООУ „25 Мај“, од VIII -3 одделение. На часот по математика учениците соработуваа, си помагаа и стекнаа нови знаења за пресметување на просек и ранг и одредување на мода и медијана на податоци.

Проектот е поддржан од ОБСЕ, МОН и Општина Гази Баба.

Координатор на проектот: Даниела Моневска