На 12.12.2024 година четврток во фискултурната сала во нашето училиште се одигра претставата „Црвенкапа од Тик Ток“.

Претставата од едукативен карактер ја следеа учениците од IV а, IV б, IV в, IV г, V а, V б и Vв одделение и нивните одделенски наставници. Модерната верзија на познатата приказна разбуди интерес кај учениците, со внимание и задоволство ја следеа претставата и активно се вклучуваа во интерактивните активности, зададени од младите актери.