На 02.09.2024 година во нашето училиште, ООУ „Стив Наумов“ – Скопје, се одржа свечен прием на првачиња. Ја имавме честа на првиот училиштен ден и на приредбата наменета за првачињата да присуствуваат премиерот на нашата татковина, г-н Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, г-ѓа Весна Јаневска, градоначалникот на општина Гази Баба, г-н Бобан Стефковски, пратеници од Собранието на нашата татковина, претседателот на Советот на општината и други гости. Присутните, со свој говор, најнапред ги поздрави директорката на училиштето, г-ѓа Лилјана Стефановска, а потоа им се обратија и министерката за образование и наука, г-ѓа Весна Јаневска и градоначалникот на о.Гази Баба, г-н Бобан Стефковски, и на учениците им посакаа среќен почеток во новата учебна 2024/2025 година и успешно школување.

По завршувањето на приредбата следеше приемот на првачињата и пригодните подароци наменети за нив, а премиерот, г-н Христијан Мицкоски, преку медиумите на сите ученици им посака убави школски денови со порака постојано да се трудат и со упорност да доаѓаат до целта. Почесните гости се упатија кон училишните простории и на учениците им поделија училишни униформи.

                                                Координатори за Детска организација:

                                                Елизабета Каранфилова – одделенска настава

                                                Бојана Митевска – предметна настава