15 Мај –Светскиот ден на семејството во нашето училиште се одбележа со активноста “Патека на хуманоста“. Цел на оваа активност е стекнување сознанија и навики за семејството како основна клетка во општеството, градење свест кај децата за негување на семејните вредности, како и градење емпатија и поддршка за семејствата и децата кои се соочуваат со предизвици.
Нашата „Патеката на хуманоста“ беше успешно поплочена со монети од страна на сите ученици и вработени во училиштето.
Активноста се спроведува во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, а собраните средства ќе бидат искористени за уредување и опремување на РЕСУРСНА СОБА за учениците со попреченост од нашето училиште.