Денот на екологијата и денот на пролетта- 21 март во ООУ,,Стив Наумов“ се одбележаа со соодветни активности кои беа спроведени во текот на повеќе работни денови. Во активностите беа вклучени учениците од нашето училиште, вработените во училиштето како и родителите заедно со представниците од Советот на родители.
Се реализираа следниве работни активности:
-подготвување на детско катче ,,Мојата оаза“ ,
-сончева училница,
-работна акција за чистење на училишниот двор како и
-засадување на садници во определен простор.
За успешна реализација на сите овие активности, еко тимот во координација со Директорката и Советот на родители во текот на повеќе работни денови спроведуваше повеќе работни акции на чистење, средување на училишниот двор, поставување на подлога и современи реквизити во детското катче ,,Мојата оаза“, подредување и фарбање на елементите од сончевата училница, поставување табла, подготвување на простор за садење садници.
Клучните активности се спроведоа на:
20 март– преку работна акција се реализираше комплетно чистење на училишниот двор, соодветно подготвување на теренот за планираните садници;
21 март– свечено отворање на современото детско катче ,,Мојата оаза“ со пригодни активности во сончевата училница со учениците од III б одделение-наставник: Сузана Апостолова, како и учениците од III а одделение. На свеченото отворање присуствуваше градоначалникот на општина Гази Баба – Бобан Стефковски како и Представници на Советот на родители заедно со председателот Марија Караѓозова. Овој ден учениците од еко тимот засадуваа садници на предвидените места.
Одговорни наставници:
Предметен наставник: Марина Грамова
Одделенски наставник: Ивана Саздовска Спасиќ