На 21 февруари секоја година се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со цел да се прослават повеќе од 6000 различни јазици кои се зборуваат во светот денес.
Јазикот е најголемото богатство и културен белег на секој народ и затоа истиот треба да се негува.
Ние овој ден го одбележавме со низа активности и пригодна приредба на која присуствуваа родители и градоначалникот на Општина „Гази Баба“, г-дин Бобан Стефковски.