Мила Цветаноска од VIII в одд.е избрана за ученички правобранител во ООУ „Стив Наумов“ откако ја доби довербата со мнозинство гласови од учениците од седмо до деветто одделение по пат на тајно гласање,согласно Законот за основно образование.
За Мила Цветаноска се определија 107 ученици од 241 колку што гласаа на отворениот повик. За заменици на ученичкиот правобранител се избрани учениците Максим Ѓоргоски VIIIa одд. со добиени 42 гласа и Софија Гудумановски VIII a одд. со 23 гласа.
Ученичкиот правобранител и неговите заменици ќе се грижат за заштитата и почитувањето на правата на децата во училиштето,нивна промоција и унапредување.