Од 15.05.2023  до 19. 05.2023 год. беше изведена Настава во природа за учениците од V одделение. На наставата во природа присуствуваа 57 ученици со своите одделенски раководители, водич и медицинско лице.

Во текот на првиот ден беа видени попатно многу градови и села и дел од природните убавини на нашата татковина. Од страна на водичот од агенцијата кој првиот ден го помина со нас на меморијалниот споменик во чест на паднатите борци од НОБ им одржа кратко предавање за градот Прилеп, Марковите кули и Могилата на паднатите борци. Потоа се посети археолошкиот локалитет Хераклеа каде учениците заинтересирано го следеа излагањето на кустосот. Од Хераклеа се упативме кон градот Битола каде ги посетивме „Широк сокак“, Саат кулата, Безистенот,“… А потоа го продолживме патувањето кон Охрид попатно панорамски укажувајќи на природните убавини, населени места-села, Преспанско Езеро, градот Ресен…. пристигнавме и се сместивме во  хотелот „Дипломат“ во Охрид.

Вториот ден  во предпладневните часови поради врнежливото време ги пишувавме извештаите, впечатоците и илустриравме, а во попладневните часови беа посетени: Билјанините извори и Хидробиолошкиот завод, марината и непосредната околина.

Третиот ден ги посетивме „Свети Наум“-изворите на реката Црн Дрим и влевањето во Охридско Езеро, „Заливот на коските“-наколните живеалишта и Националниот парк „Галичица“. По враќањето-ручек и одмор. Во попладневните часови ги посетивме – црквата „Св.Софија“, „Свети Јован Канео“, „Антички театар“ – , Самуилова тврдина“ –, „Плаошник“ – „ Музејот на икони, црквата „Свети Богородица Перивлепта“ и… презадоволни но и уморни се вративме во хотелот.

Четвртиот  ден по доручекот се упативме во стариот дел на градот каде ја посетивме куќата на Робевци-Музеј. куќата на Уранија-Христо Узунов, Григор Прличев…а потоа прошетавме по „Чаршијата“- шеталиштето до Стариот вековен Чинар, Старата чаршија, Џамиите и сите впечатоци ги сликавме, водевме белешки, илустриравме…Во попладневните часови со водичот-мр Љубе Тренкоски  се одржа интерактивна работилница–природни науки и ликовно каде на крајбрежјето на учениците им беше објаснето за Охридското Езеро, богатиот растителен и животински свет-флората и фауната, заштитените видови на риби-пастрмка и јагула како и за алги, полжави, плашици, бисери…

Петтиот ден  по доручекот презадоволни од престојот во хотелот се поздравивме и се упативме кон Струга каде го посетивме Истекот на реката Дрим , Природно-научен музеј –  Никола Незглобински –, Куќата на Миладиновци-а потоа се упативме кон, Вевчанските извори каде по обиколката одморивме и ручавме. Патот го продолжовме и попатно панорамски го видовме Дебарско Езеро-хидроцентралите-Глобочица и Шпиље“ и манастирот „Св. Јован Бигорски“ со сите убавини-природа, иконостас, длаборез….Продолживме по течението на реката Радика низ Националниот парк „Маврово“. За време на патувањето од Бигорски до Скопје водичот на микрофон ги именуваше селата и градовите кои ги одминувавме. Во Скопје стигнавме во 19.00 ч и бевме пречекани од родителите.

На оваа настава во природа учениците посетија и научија многу за нашето културно наследство од праисторијата па до денес. Имаа можност да ги видат и  ги доживеат природните богатства на нашата татковина. Видовме: планини, котлини, клисури, рамнини,  реки, природни и вештачки езера, села и градови…. И што е најважно научија да се грижат: за личната хигиена, и колективната, за хигиената на просторот во кој живеат, за сопствените потреби, за личната и заедничката сопственост, за другарството и меѓусебното помагање, за сочуството и заедничката радост, дружељубивост, сплотеност, чувство за грижа, соработка, размена на идеи и мисли за  културно однесување во хотел, ресторан, продавница, музеј, црква, џамија, сообраќај. и …

 

Одделенски раководители: 

1.Слободанка Басотова

2.Марија Лефкоска

3.Маја Питроповска

4. Розета Фиљкова

Одговорен наставник: Слободанка Басотова