Според древните обичаи на Први март се става мартинка на рака и таа се чува се до денот на пролетта. Симбол на древно – македонскиот празник Ксантика е мартинката, црвено-белата нишка – симбол на среќата, радоста и љубовта.
Mартинките се прават на тој начин, што се усукуваат две нишки од црвен и бел конец или волнена преѓа и така усукани се ставаат, најчесто околу раката.
Се подарува на Први март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година.
Традиционално секоја година во просториите на општина “Гази Баба” се организира изложба и избор на најдобра креација на паноа со најубави мартинки,во која зема учество и нашето училиште ООУ “Стив Наумов”- Скопје. Учениците ги изразија своите креативни идеи и способности. Најуспешните беа однесени во општината “Гази Баба”.
Датум 01.03.2023 година Одделенски наставник
Руменка Дејанова