Одбележување на Меѓународниот ден на мирот, ден посветен на борбата против омразата, предрасудите и насилството, ден посветен на промовирање поголемо почитување и достоинство за сите.

Учениците од нашето училиште преку изработка на еко мурал „Гулаб на мирот“ и „Дрво на мирот“ упатуваат силна порака за вредноста на толеранцијата и меѓусебното почитување и повикуваат на човекољубие во градењето поправедно, правично и инклузивно општество.