На ден 25.12.2023 година, петнаесет ученици од четврто одделение  ги посетија своите врсници – ученици   во ООУ „25 Мај“. Во рамки на активности за меѓуетничка интеграција во образованието, ја реализираа  работилницата „Новогодишна магија“.

Учениците  изработуваа новогодишни украси, комуницираа, другаруваа. Завршната активност опфаќаше дарување новогодишни честитки и украсување на простории во училиштето. Ви пренесуваме дел од атмосферата преку неколку фотографии.