Ученичкиот правобранител и замениците заедно со членовите на Ученичкиот парламент го одбележаа 20 Ноември ,,Светскиот ден на детето“. Со најразлични активности, учениците укажаа дека ова е посебен и значаен ден за децата.
Преку пораки кои ги поделија на нивните соученици, ја истакнаа важноста за почитување на детските права, еднаквоста и еднаквите можности за сите деца, квалитетно образование и живот во здрава животна средина.