Преку најразлични активности (литературно читање преку разглас, стихотворби, драматизации, презентации, пораки, креативни работилници), учениците го одбележаа 20 Ноември – Светскиот ден на детето, со цел насочување на вниманието кон прашања важни за децата.

 

 

Учениците се потсетија на Конвенцијата за правата за децата, на детските права и обврски, а преку пораки ја истакнаа важноста за почитување и заштита на детските права и еднаквите можности за сите деца.